Пилиповиќ блескаше на голот, Охрид во Грција го победи Олимпијакос

Пилиповиќ блескаше на голот, Охрид во Грција го победи Олимпијакос

пред 5 часа

Ракометарите на Охрид, направија голем чекор кон полуфиналето во Европскиот ЕХФ куп. Во првиот четвртфинален натпревар, во Атина, тие го победија Олимпијакос со 31:26 (15:10).

Охрид покажа авторитет, со сигурна игра во сите 60 минути, обезбеди предност пред реваншот на домашен терен. На половина од првото полувреме, Охриѓани прв пат се одлепија на три голови разлика, а во последните седум минути, благодарение на голманот Пилиповиќ стекнаа и највисоки ет голови предност.

Разликата остварена во првиот дел, Охрид рутински ја одржа во второто полувреме. Олимпијакос се обиде да направи нешто повеќе, неколку пати грчките играчи имаа минус од три гола, ни тие налети покрај гиолманот Пилиповиќ го одби Иванковиќ. кој пет од седумте гола постигна во вториот дел.

Пилиповиќ блескаше на голот со 15 одбрани, а покрај Иванковиќ, најефикасен беше грчкиот репрезентативец Лиапис со осум голови. На спротивната страна без конкуренција беше Савас со 14 постигнати голови.

Пласманот во полуфиналето, Охрид треба да го потврди во реваншот, на домашен терен, на 4.април.

Foto/ ohridnews

Share
Scroll to Top