(Фото) 11 пожарникари гасеа пожар во помошен објект на откупен пункт за старо железо во Струмица

(Фото) 11 пожарникари гасеа пожар во помошен објект на откупен пункт за старо железо во Струмица

пред 3 часа

Синоќа, во близина на булеварот Климент Охридски, ТППЕ Струмица со четири противпожарни возила и единаесет пожарникари-спасители интервенираше на гаснење на запален помошен објект во откупен пункт за старо железо, при што беа зафатени и дел од материјалите кои беа во непосредна близина, информираа струмичките пожарникари преку социјалните мрежи.

„Пожарот беше во разгорена фаза и гаснењето беше доста отежнато поради тешкиот пристап за ПП возилата, како и лесно запаливите материјали кои беа присутни на локацијата“, известија струмичките пожарникари.

Текстот (Фото) 11 пожарникари гасеа пожар во помошен објект на откупен пункт за старо железо во Струмица е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top