Тотенхем, вчера спогодбено се раздели со Игор Тудор. Хрватскиот тренер на клупата на Тотенхем мина само 43 дена. Не успеа да го извлече тимот од кризата, зад себе остави уште поголем хаос. Тотенхем до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок во Премиер лигата.
Неколку имиња се поврзуваат со Тотенхем, на врвто на листата е Роберто Де Зерби, кој неколку месеци е без работа откако го напушти Олимпик Марсеј.
И покрај тоа што првично беше објавено дека Италијанецот би ја прифатил работата, но само по завршувањето на сезоната и во случај Тотенхем да остане во Премиер лигата, се чини дека се предомислил и дека е подготвен веднаш да ја преземе клупата на Тотенхем.
„Скај Спорт Италија“, пишува дека Тотенхем е подготвен да му понуди на Де Зерби договор од дури пет години, со што очигледно сакале да му дадат до знаење дека го гледаат како идеално долгорочно решение.
Сè уште не е познато кој ќе го предводи тимот на претстојниот натпревар на 12 април против Сандерленд, а среќата е што по паузата, на распоредот е ФА Купот, од кој Тотенхем испадна, па раководството на клубот има малку повеќе време да преговара и да ја донесе најважната одлука.
Foto/ Depositphotos






