Филков: Правдата не смее да биде бавна, ниту селективна, реформите носат резултати

Филков: Правдата не смее да биде бавна, ниту селективна, реформите носат резултати

пред 4 часа

По повод 31 март – Денот на македонското правосудство, министерот за правда Игор Филков упати честитка до сите носители на правосудните функции и до сите вработени во правосудниот систем.

,,Овој ден е потсетник дека правдата не е само принцип, туку обврска – кон граѓаните, кон државата и кон иднината. Вие, како судии, јавни обвинители, адвокати, нотари и извршители, ја носите таа одговорност секој ден, со вашата работа и со вашите одлуки.

Силно и независно правосудство е основа на секое демократско општество. Затоа, мораме заеднички да продолжиме да градиме систем кој ќе биде отпорен на влијанија, ефикасен во постапките и доследен во примената на законот.

Како министер за правда, останувам целосно посветен на реформите што значат вистински промени – подобри закони, поголема транспарентност, дигитализација и јакнење на интегритетот во системот. Ова не се само процеси, туку чекори кон враќање и зацврстување на довербата.

Правдата не смее да биде бавна, ниту селективна. Таа мора да биде сигурна, доследна и еднаква за сите.

Честит Ден на македонското правосудство. Одговорноста е заедничка – резултатите мора да бидат видливи”, порача Филков.

Текстот Филков: Правдата не смее да биде бавна, ниту селективна, реформите носат резултати е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top