Буфон е тука до јуни, а селекторот и претседателот?

Буфон е тука до јуни, а селекторот и претседателот?

пред 4 часа

Фудбалска Италија доживеа уште еден бродолом, откако репрезентацијата нема да биде на Светското првенство трет пат по ред.

Италијанците се во шок по натпреварот во Зеница. Земјата што беше светски шампион во Германија во 2006 година сега не може да направи репрезентација што би одела на Светско првенство.

Овој пат со претседателот Габриел Гравино, селекторот Рино Гатузо и шефот на делегацијата Џиџи Буфон. Големото прашање е дали некој од нив ќе остане.

„За да се донесат правилни одлуки, треба да помине некое време. Сезоната завршува во јуни. Сега можам да кажам дека ќе бидам на располагање на Федерацјата кое имаше доверба во мене“, рече Буфон по катастрофата на Италија во Зеница.

Секако фудбалска Италија „ја сака главата“ на претседателот на Федерацијата. Станува збор за Габриеле Гравина, кој е на таа позиција повеќе од пет години.

„Ја прифаќам одговорноста, но постои тело кое одлучува. Веќе побарав да се свика седница следната недела. Таму ќе се донесат некои одлуки кои ќе влијаат на целиот фудбалски систем во Италија бидејќи имаме огромна криза. Федерацијата не може да влијае на тоа како е составен тимот“, рече Габриеле Гравина.

Џенаро Гатузо дојде на тренерската позиција со не многу завидно тренерско педигре. Тој се приклучи во летото 2025 година и неговиот договор автоматски ќе беше продолжен доколку репрезентацијата се квалификуваше на Мундијалот.

Претседателот на Федерацијата, Габриеле Гравина, јавно го замоли Гатузо да остане на чело на репрезентацијата, но по поразот, тој избегна да одговори на прашањето дали ќе остане на функцијата. Наместо тоа, тој и се извини на нацијата за поразот од плејофот против Босна и Херцеговина.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top