Капело: Италија е во жалост

Капело: Италија е во жалост

пред 4 часа

Еден од најдобрите италијански тренери, сега пензионер, Фабио Капело, откри дека бил шокиран од елиминацијата на Италија во плејофот за пласман на Светското првенство.

„Аѕурите“ беа елиминирани по изведувањето пенали од Босна и Херцеговина во Зеница.

„Цела ноќ око не затворив, сè уште не можам да верувам што се случи“, рече Капело, и дополни:

„Зборуваме за четирикратен светски шампион, ова е спортска трагедија, срам. Ова е едно од најлошите нешта што му се случија на италијанскиот фудбал во неговата понова историја.“

Потребни се промени.

„Оведе никој не поднесува оставка тука, тоа најмногу ме загрижува. Првиот што треба да ја преземе одговорноста е претседателот на Федерацијата, заедно со целиот борд на директори.“

Италијанците ќе го пропуштат Светското првенство трет пат по ред.

„Италија е во жалост. За фудбалска земја, трет пат да се биде надвор од натпреварувањето е нешто што е многу тешко да се прифати“, вели Капело.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top