Те стишал газдата Мицко? За тоа и служат сателитските партии и т.н. „контролирана опозиција“, велат од СДСМ за Апасиев

Те стишал газдата Мицко? За тоа и служат сателитските партии и т.н. „контролирана опозиција“, велат од СДСМ за Апасиев

пред 2 часа

Покрај сите неуспешни обиди за внатрешно рушење на СДСМ преку Деспотовски, Шилегов и нивната „Платформа“, сега и ЗНАМ, кој се распаѓа, се обидува да испрати некаква порака, истакнуваат од СДСМ.

„Но, не може ниту сопствената комбе-партија да ја задржи.

Максо не работи за плата, туку за тендери, а членството остана со празни раце по направеното предавство.

Единствениот кој наплати е токму Максо. Додека тие седат во Куманово, Максо игра покер во Вегас.

Сега, откако Мицкоски направи договор со ДУИ и му посла црвен тепих на Груби, му останаа малку опции, па ја активираше својата руска пудлица – Апасиев“.

СДСМ со порака до Апасиев: 72% од граѓаните, како што велат, се за ЕУ, а 70% се за НАТО.

„Џабе вееш знамиња во Собранието и ја срамиш државата пред првиот човек на НАТО, кој ја гарантира безбедноста на сите наши граѓани.

Те стишил газдата Мицко? За тоа и служат сателитските партии и т.н. „контролирана опозиција“.

Договорот од состанокот за укинување на техничката влада стапил на сила.

Благодариме што сте толку нестрпливи – нека видат сите граѓани кој е вистинска опозиција во Македонија – СДСМ“.

Вашата политика, додаваат од СДСМ до Апасиев, ве доведе под цензус, ЗНАМ се избриша од политичката сцена, а истото ве чека и вас. Наскоро.

„Граѓаните ве прочитаа одамна.

Толку лошо стои СДСМ па сите се занимавате само со нас?

Јасно и гласно: нема да нè сопрете.

Нема да ги држите граѓаните и нивните деца во изолација.

Нема да направите од Македонија руска губернија.

Македонија нема да биде слепо црево на Балканот ниту црна точка на Европа.

Македонија заслужува демократско и европско општество, а не вас.

Ние ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните, а Македонија на европскиот пат“, нагласуваат од СДСМ.

Текстот Те стишал газдата Мицко? За тоа и служат сателитските партии и т.н. „контролирана опозиција“, велат од СДСМ за Апасиев е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top