Иран испали десетина балистички ракети во Израел попладнево, еден од најинтензивните напади во последните недели, непосредно пред еврејскиот празник Пасха. Израелските одбранбени сили (ИДФ) го потврдија лансирањето и ги активираа системите за воздушна одбрана за да ги пресретнат ракетите, објавува „The Jerusalem Post“.
Reports from Kiryat Shmona:
Minor injuries from rocket attack pic.twitter.com/xcBpUqizbC— Magen David Adom (@Mdais) April 1, 2026
Војската ја повика јавноста да се однесува одговорно и да ги следи безбедносните упатства, нагласувајќи дека „ова спасува животи“. Според првичните информации од службата за итни случаи „Маген Дејвид Адом“ (MDA), немало физички повреди во последниот напад, но неколку лица биле третирани поради анксиозност.
Портпаролката на ИДФ, бригаден генерал Ефи Дефрин, претходно денес предупреди за можноста за координиран напад врз Израел за време на празникот Пасха. Иранските напади често се темпираат ноќе или за време на викендите, што израелските власти велат дека е намерна стратегија за зголемување на психолошкиот притисок, нарушување на секојдневниот живот и ширење немири меѓу цивилното население.
Пред овој напад, шеснаесет лица, меѓу кои и неколку деца, беа повредени од шрапнели од ракети што паднаа во централен Израел. Според MDA, во изминатите 24 часа, нивните тимови лекувале вкупно 72 лица, од кои 50 биле со физички повреди, а 22 поради анксиозност.
Текстот (Видео) Иран го започна својот најинтензивен ракетен напад врз Израел од почетокот на војната е превземен од МАКФАКС.






