Финскиот претседател разговарал со иранскиот: повик за прекин на огнот и отворање на Ормускиот теснец

Финскиот претседател разговарал со иранскиот: повик за прекин на огнот и отворање на Ормускиот теснец

пред 5 часа

Финскиот претседател Александер Стуб изјави дека разговарал со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и повика на итен прекин на огнот и дипломатско решение, пренесе Анадолу.

„Итно се потребни прекин на огнот и дипломатско решение“, напиша Стуб, нагласувајќи дека дијалогот мора да продолжи и покрај разликите.

Тој побара да престанат нападите врз соседните земји и да се отвори Ормускиот теснец, кој е речиси блокиран од почетокот на март поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.

Текстот Финскиот претседател разговарал со иранскиот: повик за прекин на огнот и отворање на Ормускиот теснец е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top