Во Козле се отвора центар за дневен престој за лица со попреченост

Во Козле се отвора центар за дневен престој за лица со попреченост

пред 7 часа

Во населбата Козле, во општина Карпош, наскоро ќе биде отворен Центар за дневен престој на лица со попреченост, соопшти Општината.

Станува збор за простор кој ќе обезбеди стручна грижа, психосоцијална поддршка, социјализација и развој на животни вештини за корисниците.

Проектот е резултат на соработка меѓу Здружението за здрав раст и развој „Неуроклиник“, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Светска банка и Општина Карпош.

Центарот е во завршна фаза и во тек е процесот на лиценцирање, по што ќе биде објавен точниот датум за официјалното отворање.

Објектот се наоѓа на улица „Јуриј Гагарин“ бр. 60, а заинтересираните граѓани можат да се информираат на телефон 078 336 537 или на е-пошта [email protected]
.

Текстот Во Козле се отвора центар за дневен престој за лица со попреченост е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top