Спасувањето во Иран беше на работ на катастрофа, велат аналитичари

Спасувањето во Иран беше на работ на катастрофа, велат аналитичари

пред 11 часа

Мисијата за спасување на американскиот пилот чиј авион Ф-15 беше соборен над Иран била „исклучително опасна“ и полна со фатални ризици, истакнуваат воени аналитичари во анализа за Си-Ен-Ен. Според нив, успехот на операцијата во непријателска средина претставува исклучителен воен подвиг со оглед на тешките околности на теренот.

Неповолни услови и трка со времето
Пензионираниот генерал на американската војска, Марк Мекарли, нагласува дека пилотот се нашол во речиси невозможна ситуација. По повредата при катапултирањето, тој бил принуден да преживува во тешко достапен планински предел со минимална опрема, додека иранските сили биле дополнително мотивирани со парична награда за негово фаќање. Мекарли додава дека клучна улога во пронаоѓањето одиграл сигналниот уред за лоцирање, без кој мисијата би била осудена на неуспех.

Ризици од теренот и технички пречки
Пензионираниот полковник на американското воено воздухопловство, Седрик Лејтон, предупредува дека секој детаљ во ваквите операции мора да биде совршено координиран. Тој посочува на специфичноста на теренот, каде големите количини прашина можат сериозно да ги оштетат моторите на спасувачките летала, но и на опасноста од случајни средби со локалните безбедносни сили кои би можеле да ја компромитираат целата мисија.

Технологијата како пресуден фактор
Аналитичарите заклучуваат дека една единствена грешка, без разлика дали е навигациска или тактичка, можела да доведе до пропаст на операцијата. Тие потенцираат дека модерната технологија за следење била пресудна за успехот на мисијата, која пред само неколку децении би била речиси невозможна за изведување под вакви воени услови.

Текстот Спасувањето во Иран беше на работ на катастрофа, велат аналитичари е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top