Капело: Италијанскиот фудбал е она што го видовме во Зеница

Капело: Италијанскиот фудбал е она што го видовме во Зеница

пред 5 часа

Легендарниот Фабио Капело повторно отворено проговори за состојбата на италијанската фудбалска репрезентација, а неговите пораки воопшто не се оптимистички. Капело верува дека поразот и лошата игра против Босна и Херцеговина во Зеница не е исклучок, туку реална слика за ситуацијата во италијанската репрезентација.

Капело истакна дека играта во Зеница го покажа вистинското лице на италијанскиот фудбал.

„За жал, италијанскиот фудбал е токму она што го видовме во Зеница. Доволно е да се погледне Лигата на шампионите за да се види вистинското ниво. Одговорот е јасен“, рече тој.

Додаде дека е алармантно што Италија не успеа да се квалификува за Светското првенство дури и со проширениот формат на натпреварувањето.

„Три последователни неуспеси значат дека болеста не е излечена“, предупреди Капело.

За разлика од многумина кои ја истакнуваат физичката или менталната компонента како проблем, Капело е јасен – проблемот е технички.

„Кај нас се оди или се трча во лесен ритам. Во други земји, спринтаат. Брзинат на додавањата, контрола на топката, сето тоа го правиме премногу бавно за меѓународно ниво“, објасни тој. Според него, националниот тим е одраз на Серија А.

Капело особено ја критикуваше работата со помлади возрасти.

„Децата на 12-годишна возраст веќе играат акции, а тоа е погрешно. Прво мора да ја научат техниката“, смета тој. Нагласи дека на италијанскиот фудбал му недостасуваат вистински фудбалски учители.

„Не можете да ги учите другите ако не знаете како да играте сами. Тренерот мора да знае како да шутира, да додава и да игра со глава“, рече тој.

Кога беше прашан дали Италија може да се врати на патот на успехот, Капело не нуди едноставно решение.

„Новиот селектор може малку да направи. Мора да има среќа да го пронајде вистинскиот тим и да воведе ред. Вистината е дека недостасува квалитет“, заклучи легендарниот италијански стручњак.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top