Mozzart ја спојува уметноста и хуманоста: со донација од 100 денари за Банка за храна, добивате бесплатен билет за претставата „Ивона, принцезата на Бургунд“.
На 17 април, Театар Комедија ќе биде дом на една вечер полна со емоции и магија. Елена Кузманов, Сергеј Димоски, Кристина Христова Николова, Мирјана Поповска Ристов, Кристина Ласовска, Ева Скeндеровска, Виктор Арсов, Роберт Ристов, Илија Илиоски и Александар Велјановски ќе ве поведат низ свет каде секој збор и секој поглед на сцената носи човечност.
Секоја донација од 100 денари значи еден оброк за оние на кои им е најпотребно. Еден билет – една добрина. Една вечер – една надеж.
Од четврток, 09.04.2026, во Бистро Комедија, секој работен ден од 10.00 до 13.00 часот, можете да донирате и да го земете вашиот билет.
Бидете дел од оваа вечер каде сцената и добрината се претвораат во светлина што останува во срцата – затоа што вистинската уметност е онаа што дарува надеж.
ПР
Текстот „Mozzart“ продолжува со Театар на хуманост: Донација за „Банка за Храна“ носи билет за „Ивона, принцезата на Бургунд“ е превземен од МАКФАКС.





