Уапсени 10 лица за безобѕирно возење: возеле без дозвола или пијани, а еден во спротивна насока

Уапсени 10 лица за безобѕирно возење: возеле без дозвола или пијани, а еден во спротивна насока

пред 3 часа

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, од кои по четворица управувале возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол, еден во спротивна насока и еден и покрај тоа што имал активна забрана, извести МВР.

Две лица во Тетово возеле без возачка дозвола, а по еден во Кратово и Кочани. По еден возач во Куманово, Свети Николе, Прилеп и Гевгелија управувале возило под дејство на алкохол. Додека еден возач во Куманово возел мопед во спротивна насока, а еден во Скопје и покрај тоа што имал активна забрана. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, информираше Министерството за внатрешни работи.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, велат од МВР.

Текстот Уапсени 10 лица за безобѕирно возење: возеле без дозвола или пијани, а еден во спротивна насока е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top