Политичка порака од ВЛЕН: Албанците веќе се потпираат на закон, не на алатки

ВЛЕН: Бизнис-бум кај младите: речиси 1.900 нови фирми отворени преку мерката за самовработување

пред 5 часа

Мерката за самовработување бележи значителен раст кај младите во Македонија, при што речиси 1.900 нови бизниси се отворени од лица до 29 години, соопшти коалицијата ВРЕДИ.

Според нивните податоци, младите се во фокусот на политиките за вработување и претприемништво, а резултатите покажуваат дека тие се најактивниот сегмент во користењето на мерките. Во рамки на Оперативниот план за вработување за 2025 година, од околу 13.000 лица предвидени за вклучување, дури 8.576 или 70,9 проценти се млади до 29 години.

Особено се издвојува мерката „Самовработување“, која овозможува поддршка за отворање сопствен бизнис. Од вкупно планирани 2.755 нови компании, 1.896 се отворени токму од млади луѓе, што претставува значаен удел и показател за зголемениот интерес за претприемништво.

„Младите се двигател на развојот, а државата ги отвора вратите на пазарот на труд“, велат од ВРЕДИ, нагласувајќи дека овие бројки ја покажуваат подготвеноста на младата генерација да ја гради својата иднина преку сопствен труд и иницијатива.

Дополнително, дел од мерките предвидуваат и 100-процентно покривање на одредени трошоци поврзани со отворање бизнис, како што се нотарски и административни давачки, што дополнително ја олеснува одлуката за започнување сопствена дејност.

Од коалицијата оценуваат дека овие резултати не се само статистика, туку доказ за упорноста и креативноста на младите, кои наместо да се откажат пред предизвиците, ги претвораат во можности.

„Ова е јасен показател дека енергијата, креативноста и храброста на младите се клучен фактор за економскиот развој. Ние ќе продолжиме да бидеме покрај нив, со јасна визија и поддршка“, се наведува во соопштението.

ВРЕДИ потенцира дека поддршката за младите останува еден од нивните главни приоритети, со цел создавање одржлива економија и подобри услови за вработување во земјата.

Share
Scroll to Top