Велигденска дилема: Колку варени јајца се премногу и кога почнува ризикот?

Велигденска дилема: Колку варени јајца се премногу и кога почнува ризикот?

пред 4 часа

Колку варени јајца смееме да изедеме во еден ден без да му наштетиме на здравјето – прашање што особено станува актуелно за време на велигденските празници, кога трпезите се полни со јајца. Според нутриционистите, одговорот не е ист за сите, но постојат јасни препораки кои треба да се почитуваат.

Стручњаците посочуваат дека за повеќето здрави луѓе, умерената консумација е клучна. Вообичаено, се смета дека 1 до 2 варени јајца дневно се безбедни и не претставуваат ризик за здравјето, доколку се дел од балансирана исхрана . Во некои случаи, дури и до три јајца дневно не покажале штетни последици, но сепак се препорачува претпазливост и индивидуален пристап.

Причината за ваквите препораки е жолчката, која содржи поголемо количество холестерол. Иако современите истражувања покажуваат дека јајцата не се толку опасни како што некогаш се мислеше, прекумерната консумација може да биде проблем, особено кај луѓе со зголемен холестерол или срцеви заболувања. За нив, се препорачува ограничување – најчесто до неколку јајца неделно, а не секојдневно.

Од друга страна, белката од јајцето е богата со протеини и не содржи холестерол, па може да се консумира и во поголеми количини без ризик. Затоа, нутриционистите советуваат ако веќе се претерува со јајца, да се намали внесот на жолчка, а да се задржи белката како здрава алтернатива.

Јајцата се исклучително хранлива намирница – богати се со протеини, витамини и минерали, го поддржуваат здравјето на мозокот и мускулите и даваат чувство на ситост. Но, како и кај секоја храна, најважна е мерката.

Во периоди како Велигден, кога често се јадат повеќе јајца од вообичаено, лекарите советуваат да не се претерува и да се внимава на вкупниот дневен внес, особено ако се комбинираат со друга масна храна.

Share
Scroll to Top