(Видео) Црно му се пишува на Тотенхем

(Видео) Црно му се пишува на Тотенхем

пред 3 часа

Фудбалерите на Сандерленд го победија Тотенхем со 1:0 и го оставија тимот од Лондон во опасната зона.

Падот на Спарс продолжи и новиот тренер, Роберто де Зерби, кој го презеде тимот од Игор Тудор. Тотенхем го забележа шестиот пораз во последните седум натпревари. Тотенхем нема победа на последните 14 натпревари. Последен пат во Премиер лигата забележаа победа на 28 декември минатата година.

Норди Мукиеле го реши натпреварот во Сандерленд. Во 61-та минута со удар од 17-18 метри, успеа да погоди со мала помош на Ван дер Вен.

Преостанатите шест натпревари ќе бидат шест мали финалиња за клубот кој играше во финалето на Лигата на шампионите во 2019 година и ја освои Лигата на Европа во 2025 година. До крајот, Тотенхем има натпревари против Брајтон, Лидс и Евертон дома, и против Вулверхемптон, Астон Вила и Челзи на гости.

Share
Scroll to Top