„Да престане со убивањето и да ја заврши војната“: Маѓар со порака до Путин по изборната победа

„Да престане со убивањето и да ја заврши војната“: Маѓар со порака до Путин по изборната победа

пред 3 часа

По изборната победа во Унгарија, Петер Маѓар изјави дека новата влада ќе има прагматичен однос со Русија и ја поздрави пораката од Кремљ за почитување на изборните резултати.

Тој најави и ревизија на договорите за проширување на нуклеарната централа Пакс, оценувајќи го проектот како „преценет“, со можност за повторни преговори или раскинување.

Говорејќи за можен разговор со Владимир Путин, Маѓар рече дека би му порачал „да престане со убивањето и да ја заврши војната“, но додаде дека не очекува таков повик ниту верува дека неговиот совет би имал ефект.

Војната во Украина ја опиша како бесмислена, со десетици илјади жртви и уништени семејства, изразувајќи надеж дека конфликтот ќе заврши наскоро.

Текстот „Да престане со убивањето и да ја заврши војната“: Маѓар со порака до Путин по изборната победа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top