Гаши од Тирана: Реални можности дома се клучот за спречување на миграцијата

Гаши од Тирана: Реални можности дома се клучот за спречување на миграцијата

пред 4 часа

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Самитот на албанската дијаспора што се одржа во Тирана, каде што се дискутираше за улогата на дијаспората во демократскиот развој и институционалното застапување.

Во своето обраќање, Гаши ја нагласи важноста од справување со причините за миграција, подвлекувајќи ја потребата од креирање на одржливи политики што ќе обезбедат поголема застапеност на дијаспората во одлучувачките процеси. Тој, исто така, ја истакна потребата од градење реални можности за граѓаните, за да можат да го остварат својот интелектуален и професионален потенцијал во сопствената земја, како еден од клучните начини за спречување на миграцијата.

Во рамките на оваа посета, претседателот на Собранието оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај. На оваа средба беа потврдени одличните односи меѓу двете земји, како и заедничката посветеност на патот кон европската интеграција. Соговорниците ја истакнаа важноста на регионалната соработка, разговарајќи и за политичките случувања и државотворната улога на Албанците во Република Северна Македонија. Посебно внимание им беше посветено на инфраструктурните проекти како клучен елемент за зајакнување на врските меѓу земјите. Нагласено беше дека стратешкото партнерство со јасна евроатлантска ориентација, правилната соработка и меѓусебната поддршка остануваат главни столбови за понатамошното продлабочување на братските односи.

За време на престојот во Тирана, претседателот Гаши оствари средба и со претседателот на Собранието на Република Албанија, Нико Пелеши. Оваа средба, прва откако ја презеде функцијата претседател на Собранието, се смета за важен чекор во консолидирањето на меѓупарламентарната соработка. Соговорниците разговараа за напредокот и заедничките предизвици на патот кон Европската Унија, нагласувајќи ја улогата на собранијата во приближувањето на политиките, размената на искуствата и градењето одржлив институционален дијалог. Во оваа прилика, претседателот Гаши го покани својот колега на официјална посета на Скопје, со цел понатамошно продлабочување на соработката преку парламентарната дипломатија и заедничките иницијативи.

Текстот Гаши од Тирана: Реални можности дома се клучот за спречување на миграцијата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top