Закани со бомби во двата најголеми трговски центри во Сараево

Закани со бомби во двата најголеми трговски центри во Сараево

пред 4 часа

Два од најголемите трговски центри во Сараево мораа привремено да бидат затворени денес откако полицијата добила пријави за поставени експлозивни направи, потврди Министерството за внатрешни работи во Сараевската жупанија.

Saraevo City Center (SCC) и Алта, обете во самиот центар на градот и во близина на седиштето на државниот парламент и Советот на министри на Босна и Херцеговина, беа евакуирани во утринските часови, а полициски екипи беа испратени да ја проверат ситуацијата на терен.

Како што потврди за локалните медиуми портпаролката на Министерството за внатрешни работи на Сараевската жупанија, Мерсиха Новалиќ, закани за бомби пристигнале преку е-пошта на адресите на полицијата и некои медиуми.

„Килограм експлозив во SCC, два килограми во Алта“
Во пораката се наведува дека „се поставени експлозивни направи“. Анонимните испраќачи наведоа дека во SCC е поставен еден килограм експлозив, а во Алта е поставен уред со два килограми експлозив со далечински управуван детонатор.

„Веродостојноста на содржината на заканите и ситуацијата на терен ќе бидат проверени“, рече Новалиќ.

Текстот Закани со бомби во двата најголеми трговски центри во Сараево е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top