(Видео) СДСМ поднесе кривична пријава против сопствениците на Алфа ТВ од Унгарија

(Видео) СДСМ поднесе кривична пријава против сопствениците на Алфа ТВ од Унгарија

пред 6 часа

СДСМ поднесе кривична пријава против сопствениците на Алфа ТВ од Унгарија, информира генералниот секретар на партијата, Александар Саша Димитријевиќ.

„СДСМ поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство поради постоење на сериозни сомнежи за организирана шема на перење пари, даночно затајување и фалсификување деловни книги. Пријавата е поднесена против повеќе физички и правни лица, меѓу кои и Питер Шац, мнозински сопственик на Алфа ТВ, како и управителите на „Таргет Медиа“ и „Алфа Скоп“ ДОО, поради основано сомнение за сторени повеќе кривични дела“, рече тој.

Според Димитријевиќ, постојат основани индиции дека во периодот од 2017 година наваму, преку меѓународна мрежа на трансакции биле префрлени околу 2,85 милиони евра од странство кон Македонија, кои потоа завршувале во Алфа ТВ.

„Овие средства биле прикривани преку фиктивни договори за маркетинг и реклами со компании кои немаат реална економска активност на македонскиот пазар. Преку т.н. „shell“ компании се заобиколувале законите за транспарентност на медиумската сопственост и финансирање. Финансиската полиција веќе констатирала дека се работи за „сомнителни маркетиншки услуги“ со цел прикривање на потеклото на парите“, рече Димитријевиќ.

Тој кажа и дека постојат основани сомнежи дека биле склучувани нелогични договори и внесувани невистинити податоци во деловните книги, со цел, како што кажа, легализација на сомнителен капитал.

„Накратко, постојат сериозни сомнежи за перење пари преку лажни реклами и сомнителен капитал како извор на финансирање. За ова имало започната постапка, која очигледно се држи во фиока. Слободата на медиумите не значи слобода за перење пари, ниту одработување во интерес на странски авторитарни режими. Очекуваме Јавното обвинителство и сите останати институции итно и без селективност да постапат, да се обезбедат доказите, да се замрзнат сомнителните текови на пари и да се утврди целосната одговорност“, изјави Димитријевиќ.

Текстот (Видео) СДСМ поднесе кривична пријава против сопствениците на Алфа ТВ од Унгарија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top