Хоџа: LIFE програмата ќе го забрза зелениот пресврт и еколошките реформи во Македонија

Хоџа: LIFE програмата ќе го забрза зелениот пресврт и еколошките реформи во Македонија

пред 11 часа

Министерот за животна средина и просторно планирање денеска ја отвори тркалезната маса „Од политика до пракса: Приоритети за животна средина во рамките на програмата LIFE“, истакнувајќи дека Македонија е меѓу првите земји во регионот што пристапиле кон овој значаен европски инструмент.

Како што беше посочено на настанот, учеството во програмата LIFE претставува важен чекор за унапредување на националните политики во областа на животната средина, со можност за користење на европски средства за реализација на конкретни проекти.

Министерот нагласи дека веќе се работи на зајакнување на националните капацитети во партнерство со компанијата „Кеј енд ес Скопје“, со цел државата максимално да ги искористи фондовите од Европската Унија, особено во делот на зелениот пресврт и енергетски ефикасната економија.

Според него, програмата LIFE не претставува само финансиски фонд, туку механизам кој овозможува трансформација на економијата кон одржлив развој и подобрување на квалитетот на животната средина. „Имаме заедничка цел – претворање на стратешките политики во конкретни еколошки акции и одржливи решенија“, истакна министерот пред присутните претставници на институциите, експертската јавност и граѓанските организации.

Тркалезната маса послужи како платформа за координација на приоритетите во оваа област, при што беше заклучено дека меѓусекторската соработка е од клучно значење за успешна реализација на проектите во рамките на програмата LIFE.

Од Министерството оценуваат дека ваквите иницијативи ќе придонесат за побрзо спроведување на реформите во животната средина, подобрување на енергетската ефикасност и приближување на земјата кон европските стандарди.

Share
Scroll to Top