Светските медиуми се преплавени со нови гласини околу љубовниот живот на Ценифер Лопез, откако актерката и пејачка наводно развила блиска врска со свој колега за време на снимањето на нов филм.
Станува збор за британскиот актер Brett Goldstein, со кого Лопез работи на романтичната комедија „Office Romance“. Според информации од повеќе медиуми и извори блиски до продукцијата, хемијата меѓу нив не останала само на екранот, туку продолжила и зад камерите.
Наводно, двајцата биле особено блиски за време на снимањето во Доминиканската Република, каде што биле забележани како поминуваат време заедно, се смеат, разговараат и покажуваат физичка блискост.
Она што дополнително ја разгоре јавноста е коментарот на сведоци од сетот, кои велат дека Голдстин е „британската верзија“ на нејзиниот поранешен сопруг Ben Affleck – споредба која веднаш предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.
Филмот во кој глумат, инаку, раскажува приказна за тајна романса на работно место, каде Лопез игра моќна директорка која се вљубува во свој колега – улога која многумина сега ја гледаат како „пресликување“ на реалноста.
Иако засега нема официјална потврда дека станува збор за вистинска врска, извори тврдат дека меѓу нив постои силна емоционална и физичка поврзаност, која била очигледна за целиот тим.
Ова доаѓа во период кога Лопез неодамна помина низ развод со Афлек, по што и самата изјави дека се чувствува „слободна и во своја ера на лична среќа“, што дополнително ја отвора можноста за ново љубовно поглавје.
Дали станува збор за вистинска љубов или само за силна филмска хемија – засега останува мистерија.
Но едно е сигурно: Џеј Ло повторно е во центарот на вниманието – и тоа не без причина.






