Макрон го поддржува прекинот на огнот, но повикува на претпазливост

Макрон го поддржува прекинот на огнот, но повикува на претпазливост

пред 3 часа

Францускиот претседател Емануел Макрон ја даде својата „целосна поддршка“ на десетдневниот прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах во Либан, но во исто време предупреди на потребата од претпазливост.

„Исто така, изразувам загриженост дека прекинот на огнот веќе може да биде прекршен со продолжување на воените операции“, рече Макрон во објава на социјалните мрежи.

Тој повика на заштита на цивилното население од двете страни на границата меѓу Либан и Израел.

„Хезболах мора да се откаже од своето оружје. Израел мора да го почитува суверенитетот на Либан и да ја запре војната“, нагласи тој.

За потсетување, подоцна денес во Париз, британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон ќе претседаваат со виртуелен состанок на околу четириесет земји, со цел воспоставување мултилатерална мисија за враќање на безбедното минување на бродовите низ Ормускиот теснец.

Текстот Макрон го поддржува прекинот на огнот, но повикува на претпазливост е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top