Два брода под индиско знаме, кои превезувале нафта, биле нападнати при обид да поминат низ Ормускиот теснец, соопшти индиското МНР.
Иран испратил порака дека преминот не е дозволен, а според извори од поморската индустрија, кон бродовите бил отворено оган. Инцидентите се случиле меѓу островите Кешм и Ларк, по што пловилата се повлекле.
Британската агенција за поморска безбедност потврдила дека танкер бил нападнат од две пловила на иранската Револуционерна гарда, но екипажот е безбеден.
Техеран во меѓувреме објави дека повторно го затвора Ормускиот теснец, повикувајќи се на американската блокада, а преку радио порака им било наложено на сите бродови да не влегуваат.
Доналд Трамп изјави дека САД нема да дозволат притисок од Иран, но потврди дека разговорите меѓу двете страни продолжуваат.
Текстот Индија: Два брода под наше знаме нападнати при обид да преминат низ Ормускиот теснец е превземен од МАКФАКС.





