Димитриеска Кочоска: Продлабочена соработка со ММФ – Регионалниот центар носи нови можности за економијата

Димитриеска Кочоска: Продлабочена соработка со ММФ – Регионалниот центар носи нови можности за економијата

пред 4 часа






Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска оствари продуктивна средба со заменик-директорот на Европскиот оддел на Меѓународниот монетарен фонд, Марк Хортон, на која се разговараше за воспоставувањето на новиот Регионален центар за техничка помош за Југоисточна Европа – SEETAC.

На средбата беше нагласено дека новиот центар ќе има значајна улога во јакнењето на институционалните капацитети и поддршката на реформските процеси во земјите од регионот.

Димитриеска – Кочоска истакна дека формирањето на SEETAC претставува важен чекор во продлабочувањето на соработката со ММФ и отвора можности за поголем пристап до експертиза, која ќе придонесе за поефикасни јавни политики, стабилни јавни финансии и зајакнување на економската отпорност.






Share
Scroll to Top