Белорускиот претседател Александар Лукашенко во интервју за телевизијата РТ ја спореди политичката состојба во Белорусија и САД, тврдејќи дека американската политика не е пример за демократија.
Тој ги отфрли тврдењата за човекови права, оценувајќи ги како „празни приказни“ и ја критикуваше американската надворешна политика, посочувајќи конфликти и воени интервенции.
Лукашенко нагласи дека, според него, зад американските потези стојат интереси поврзани со нафта и гас, а не демократија.
На крајот порача дека САД треба да учат од Белорусија, тврдејќи дека неговата земја има многу повеќе демократија.
Текстот Лукашенко до САД: Ќе мора да учите демократија од нас е превземен од МАКФАКС.






