Во пукањето кај пирамидите Теотихуакан, познат археолошки локалитет и една од најпосетуваните туристички атракции во Мексико, во понеделник загина најмалку едно лице. Вооружениот напаѓач потоа изврши самоубиство, објави „Еуроњуз“.
Властите потврдија дека жртвата, која починала од прострелна рана, била канадски државјанин.
Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум Пардо, исто така, се огласи за нападот.
„Длабоко сме потресени од она што се случи денес во Теотихуакан. Изразувам најдлабоко сочувство и солидарност со сите погодени и нивните семејства. Во контакт сме со канадската амбасада“, рече претседателката во објава на социјалната мрежа Икс.
„Му наложив на Кабинетот за безбедност темелно да го истражи овој настан и да обезбеди сета потребна поддршка. Вработените во Министерството за внатрешни работи и култура веќе се на пат кон местото на настанот за да обезбедат помош и поддршка, заедно со локалните власти“, додаде таа.
Текстот (Видео) Пукање кај пирамидите во Мексико: Напаѓачот уби туристка, а потоа се самоуби е превземен од МАКФАКС.





