Формула 1 среде сезоната ги смени правилата

Формула 1 среде сезоната ги смени правилата

пред 4 часа

За време на непланираната пауза на шампионатот во Формула 1, поради откажувањето на трките во Бахреин и Саудиска Арабија поради војната на Блискиот Исток, челниците на Ф1, се одлучија за серија промени на правилата поради загриженост околу регулативите за погонските единици воведени оваа година.

Промените доаѓаат и како дел на незадоволството од водечките возачи, вклучувајќи ги Макс Ферстапен и Ландо Норис, кои изразија незадоволство од насоката во која се движи спортот на почетокот на сезоната. Возачите се пожалија дека новите правила, драстично ја намалија нивната вештина, за во прв план да излезе управување со погонските единици, што предизвика брза реакција од управното тело.

Новите регулативи за 2026 година, дизајнирани да ги направат трките поконкурентни, предизвикаа голем број поплаки. Четирикратниот светски шампион Макс Ферстапен, кој е деветти во пласманот на возачи по три трки и кој изјави дека размислува за пензионирање, беше еден од најгласните критичари.

Покрај тоа, имаше загриженост за функционирањето на новите хибридни мотори со поделба на моќноста 50-50, особено по несреќата на британскиот возач Оли Берман во Јапонија.

Инцидентот се случи откако возачите предупредија на опасности при големи брзини поради начинот на кој батериите собираат и испорачуваат енергија.

Актуелниот светски шампион Ландо Норис предупреди дека ако не се направат промени, возачите би можеле „да прелетаат преку оградата и да направат голема штета“.

Ф1 ја искористи паузата предизвикана од откажувањето на трките во Саудиска Арабија и Бахреин за да ги оцени правилата. По состанокот со претставници на ФИА, раководителите на тимовите и извршните директори на производителите на погонски единици, промените беа официјално потврдени.

Вкупно девет промени беа воведени во техничките прописи. Две се однесуваат на квалификациите: количината на дозволено полнење на батериите по круг е намалена од 8 MJ на 7 MJ, што значи дека возачите ќе мора да поминат помалку време на полнење.

Во исто време, моќноста што може да се обнови по круг додека возачот е на полн гас, но не ја полни батеријата, е зголемена од 250 kW на 350 kW.

За време на трките, максималната моќност на дополнителниот погон, таканаречениот режим на работа „boost“, ќе биде ограничена на 150 kW или на постојното ниво на испорака на моќност. Целта е да се намалат ненадејните разлики во брзината помеѓу автомобилите во различни состојби на моторот.

На возачите ќе им биде дозволено да ги користат сите 350 kW при забрзување во свиоците, додека на остатокот од патеката таа моќност ќе биде ограничена на 250 kW.

Бројот на трки каде што може да се применат алтернативни, пониски ограничувања на енергијата е зголемен од осум на дванаесет.

Исто така, одобрено е зголемување на температурата на грејачот на гумите за подобрување на почетното прилепување. Системите за задни светла ќе бидат поедноставени за да обезбедат „појасни и поконзистентни визуелни сигнали за подобрување на видливоста и времето на реакција на возачите што следат во лоши услови“.

Исто така, ќе се намали максималното ниво на испорака на електрична енергија (ERS).

За време на стартовите на трката, ќе бидат тестирани четири новини. Тие вклучуваат „систем за откривање на стартување со мала моќност“ кој ќе ги идентификува автомобилите со невообичаено слабо забрзување, автоматско активирање на системот „MGU-K“, со визуелно предупредување и промени во ограничувањата на моќноста.

Исто така, воведено и ресетирање на бројачот на енергија на почетокот на кругот за формација пред почетокот на трката.

Сите промени стапуваат на сила на Големата награда на Мајами, која се одржува викендот на 3 мај.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top