Сиљановска-Давкова прими претставнички на „Македонија 2025“: поради  интересот на дијаспората за враќање во земјава во иднина да се воведат нови категории на награди

Сиљановска-Давкова прими претставнички на „Македонија 2025“: поради интересот на дијаспората за враќање во земјава во иднина да се воведат нови категории на награди

пред 4 часа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставнички на „Македонија 2025“, предводени од главната извршна директорка на организацијата, Никица Мојсоска-Блажевски.

Тие ја информираа претседателката за исходот од годинашниот конкурс за доделување на Признанието за особен придонес на истакнати личности од дијаспората.

Сиљановска-Давкова го поздрави високиот квалитет на пријавените кандидати и принципиелниот избор на наградените, уважувајќи го нивниот реален придонес за државата.

Таа ја прифати поканата, и годинава, во својство на покровителка да им ги врачи признанијата на добитниците, во рамките на свеченото отворање на традиционалниот Самит на „Македонија 2025“.

Поради растечкиот интерес на дијаспората за враќање во земјава, но и за поттикнување на младите и валоризирање на нивниот придонес, соговорничките се согласија дека е добро, во иднина да се воведат две нови категории на награди: за млади и за повратници во државата.

На средбата, Мојсоска-Блажевски укажа и на институционалните проблеми со коишто се соочува дијаспората во процесот на добивање на македонско државјанство.

Во воспоставувањето на Советот за дијаспора, обете препознаваат потенцијал за активно вклучување и влијание на дијаспората во матичната земја.

Според Сиљановска-Давкова во него треба да бидат вклучени личности кои го персонифицираат македонското единство и уживаат доверба во македонската дијаспора, којашто ги препознава и вреднува.

Според соговорничките, координираниот меѓуинституциoнален пристап ќе го олесни враќањето на квалификуванитe кадри во татковината.

Текстот Сиљановска-Давкова прими претставнички на „Македонија 2025“: поради интересот на дијаспората за враќање во земјава во иднина да се воведат нови категории на награди е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top