(Видео) Мицкоски ја фрла МРТ во канџите на фантом фирми: Левица со повик да се спречи изборот на Ристоски за директор на јавниот сервис

(Видео) Мицкоски ја фрла МРТ во канџите на фантом фирми: Левица со повик да се спречи изборот на Ристоски за директор на јавниот сервис

пред 4 часа

Во четврток ќе се бира нов директор на Македонската радио телевизија, а човекот кој Мицкоски и ДПМНЕ очекуваат да биде избран е Зоран Ристоски, долгогодишен сопственик на маркетинг агенцијата „Греј World Wide” која добива тендери од Државна лотарија, велат од Левица.

Оваа партија предупредува дека изборот на Ристовски за директор на МРТ значи директно политичко влијание во јавниот сервис.

„МРТ е најголемиот плен на политичко-медиумската мафија“ вели Амар Мециновиќ од Левица, додавајќи дека со години јавниот сервис има исто раководство „кое го има претворено во бунар без дно за приватни копродукции и приватни маркетинг агенции“, посочувајќи дека дури и метео-програмата е во приватна копродукција.

Според него 80 отсто од програмата е копродукција што значи дека „МРТ обезбедува камери, луѓе и сите други услови, а продуктот е во сопственост на приватни субјекти, на кои потоа им се плаќа за емитување“ и додава дека токму заради овој конфликт на интерес, во статутот на Програмскиот совет, кој треба да го избере новиот директор, се вели дека тој не смее да биде сопственик на маркетинг агенција.

„Но, сега на овој конкурс имаме човек кој ќе биде избран за директор на МТВ, кој до 1 март бил сопственик на приватната маркетинг агенција „Греј World Wide”. Овој човек треба да ги однесе директно парите од копродукциите и од зделките во МТВ директно до Мицкоски. Тој човек се вика Зоран Ристовски. Маркетинг агенцијата „Греј World Wide” со години добива тендери од озлогласената Државна лотарија за истата да се рекламира преку нив“, вели Мециновиќ.

Од Левица го отвараат и прашањето за начинот на рекламирање на Државна лотарија и прашуваат зошто таа би се рекламирала на небитни и непосетени сајтови. „Ако на пример посетиме еден небитен сајт за кој најверојатно немате чуено, попара точка мк, ќе видите дека на самиот хоумпејџ на сајтот има безброј банери и реклами за Државна лотарија. Зошто државна лотарија би се рекламирала на сајт на кој нема посетители? Одговорот веројатно лежи во поврзани фирми и интереси“, вели Мециновиќ, образложувајќи дека ако малку подлабоко се истражи ќе се дојде до заклучок дека овие сајтови се меѓусебно поврзани зашто на нивните страни или фигурира сопственик со исто презиме како Зоран Ристоски или имаат ист домејн кој го има тековната состојба на „Греј World Wide”.

Левица со повик до граѓаните активно да се вклучат и да извршат, како што велат, притисок врз Програмскиот сервис на МРТ, кој е надлежен за изборот. „Граѓаните да побараа независен директор на јавниот сервис преку обраќање до програмскиот совет на мејл [email protected], со цел да се направи правилен и независен избор“, вели Мециновиќ во повикот.

Текстот (Видео) Мицкоски ја фрла МРТ во канџите на фантом фирми: Левица со повик да се спречи изборот на Ристоски за директор на јавниот сервис е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top