Во рамки на вежбата „БЛЕСОК 26“, на армискиот полигон „Криволак“, тактичките активности на единиците на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) продолжуваат со зголемен интензитет, при што на терен се реализираат сложени сценарија кои бараат брза адаптација и координирана реакција од страна на учесниците на вежбата, соопшти Армијата.
„ЛПБГ спроведува активности во услови на различни симулирани тактички дејствија, со што се оценува нивната способност за навремено реагирање, координација и донесување одлуки во динамична средина. Во рамки на вежбовните активности се реализираат сценарија кои опфаќаат реакција при ненадејни закани и контакт со противник, спроведување на АБХО набљудување и извидување, постапување во услови на нарушување на безбедноста на воени објекти и обид на присилно влегување во истите, како и давање прва помош на повредени лица“, се наведува во соопштението.


Овие активности, велат од Армијата, се реализираат во функција на остварување на целите на обуката и унапредување на борбената подготвеност на единицата.
Текстот (Фото) Сценарија кои бараат брза реакција, вежбата „Блесок 26“ се одвива на Криволак е превземен од МАКФАКС.




