Најефикасниот дефанзивец во историјата на британскиот фудбал ќе го напушти „Ајброкс“

Најефикасниот дефанзивец во историјата на британскиот фудбал ќе го напушти „Ајброкс“

пред 3 часа

Џејмс Таверние, капитенот на шкотскиот гигант Ренџерс, објави дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната по повеќе од една деценија поминати на стадионот „Ајброкс“.

Искусниот десен бек (34), воедно и најефикасниот дефанзивец во историјата на британскиот фудбал, го предводеше тимот од Глазгов осум години.

Во тој период ја освои една титулата во националното првенство и две во Купот.

Како капитен, Таверние го водеше Ренџерс и во финалето на Лига Европа во 2022 година, каде што шкотскиот тим беше поразен на пенали од Ајнтрахт Франкфурт.

За време на неговиот престој во Ренџерс, англискиот фудбалер постигна импресивни 144 гола во 562 натпревари на позицијата десен бек.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top