Англискиот стручњак Лиам Розениор повеќе не е тренер на Челзи, потврди клубот. Младиот стратег го предводеше Ќелзи 104 дена.
Во деновите пред натпреварот со Брајтон, а по катастрофалната серија резултати, клупските челници јавно го поддржаа Розениор, кој, потсетуваме, пристигна во клубот пред нешто повеќе од три месеци, но по поразот од Брајтон, очигледно никој во клубот не бил сигурен дека овој стручњак е долгорочно решение за тренерската позиција.
За „Сините“, поразот од Брајтон (0:3) беше петти по ред без постигнат гол, и тоа е најлошата таква серија од 1912 година.
Розениор, по натпреварот за поразот, ги обвини играчите, што дополнително го разниша неговиот статус меѓу самите играчи и донесе недоверба во соблекувалната, но сега и меѓу неговите претпоставени.
Англиските медиуми објавија дека голем број играчи биле разочарани од работата на Розениор, што дополнително ја влошило и онака лошата атмосфера во соблекувалната.
Тие добија слободен ден денот по поразот, но клубот беше раздвижено, бидејќи челниците одржаа состанок, со едно прашање – што да прават понатаму?
Тема на дискусијата меѓу челниците на клубот била, меѓу другото, статусот на Розениор, односно неговото отпуштање како една од опциите за излез од кризата по поразот, што на минимум ги сведе шансите на тимот за пласман во Лигата на шампионите.
На крајот, самите си зададоа жесток удар, бидејчи Розениор потпиша шестгодишен договор пред три месеци.
Foot/ Depositphotos






