„За рудникот со антимон во Крива Паланка Владата на Мицкоски рече дека здравјето на граѓаните ќе било приоритет. СДСМ рече дека секогаш е некој бизнис на Мицкоски. Еве ја вистината. Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нова бомба. Граѓаните ќе видат, кој стои зад фирмите носители на концесиите на рудникoт за антимон во Крива Паланка. Донатори на ВМРО-ОКГ“, вели Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ.
„Она што Христијан Мицкоски се обиде да му го продаде на народот како наводен „државен интерес“ и стратешки дијалог со САД, всушност е само уште еден бизнис план.
Профит, пред здравје, бизнис пред народ.
Одиме по ред.
Официјалните податоци од Министерството за енергетика откриваат дека моментален концесионер на локалитетот Луке е компанијата „РИ Енергетика Пела ДОО Скопје“.
Кој е сопственик на оваа компанија?
Ѓорѓе Качурков. Донатор на ВМОР-ДПМНЕ. Официјалните документи и финансиски извештаи недвосмислено потврдуваат ова.
Ова е крунскиот доказ! Рудникот со антимон е бизнис дил, класична партиска концесија.
И уште еден факт.
Договорот во Вашингтон го потпиша Ник Јовановски од австралиската „Пела глобал лимитед“.
Истиот тој Николче Јовановски кој уште во 2015 година, како застапник на фирмата на донаторот на ВМРО-ДПМНЕ, го потпишал договорот за концесија за локалитетот Луке. Со ова мрежата е целосно разоткриена, а центарот на контролата е јасен.
Значи ВМРО-ОКГ е подготвена да го жртвува здравјето на граѓаните за профитот на своите спонзори. Дали е сега појасно? Ова е уште една причина зошто мора да има референдум во Крива Паланка и да се прашаат граѓаните.
Уште една причина зошто Градоначалникот Митовски мора даги слушне граѓаните а не Мицкоски. Здравјето мора да биде пред профитот на Мицкоски и ВМРО-ОКГ“, изјави Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ.
Текстот (Видео) Кузеска: Нова „бомба“ – зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ОКГ! е превземен од МАКФАКС.




