ЈКП Комуналец со нова акција: освежување на жардиниерите во центарот на Прилеп

ЈКП Комуналец со нова акција: освежување на жардиниерите во центарот на Прилеп

пред 3 часа

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп спроведува активности за уредување на јавниот простор преку бојадисување на жардиниерите во централното градско подрачје.

Акцијата се реализира на потегот од паркот кај „Шах“, покрај Домот на култура „Марко Цепенков“, па сè до Градската библиотека, со цел разубавување и подобрување на изгледот на урбаната средина.

Од претпријатието апелираат до граѓаните да бидат внимателни при движењето во овој дел од градот, поради свежо нанесената боја, со цел да се избегне оштетување на облеката.

Бојадисувањето ќе продолжи и во текот на наредната недела.

Share
Scroll to Top