(Видео) Бетис во 94-та минута освои бод против Реал

(Видео) Бетис во 94-та минута освои бод против Реал

пред 4 часа

Бетис и Севилја одиграа 1:1, во Севилја, во рамките на 32-то коло во Ла Лига.

Реал Мадрид на „Ла Картуха“ ја загуби и последната шанса во обидот сезонава да ја освои титулата.

Актуелниот шампион, Барселона, како што стојат работите, ќе го одбрани тронот бидејќи има натпревар помалку и дури осум бода повеќе од нив на пет кола пред крајот на првенството.

Реал кај Бетис во Севиља, остана без трите бода во 94-та минута.

Стрелец на првиот гол во натпреварот беше Винисиус Жуниор во 17-тата минута. Реал имаше повеќе удари кон голот и подобри шанси, свои шанси имаше и Бетис, а во финишот на натпреварот искористи една од нив.

Во 94-та минута, Хектор Белерин го најави бродоломот на Реал Мадрид и со гол донесе израмнување и бод на Бетис, што го оддалечува Реал од титулата. Тој беше најснаодлив во шеснаесетникот откако обидот на Ентони беше одбранет.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top