Дојава за бомба во „Сити мол“, трговскиот центар евакуиран

Дојава за бомба во „Сити мол“, трговскиот центар евакуиран

пред 3 часа

Трговскиот центар „Сити мол“ е евакуиран откако е добиена дојава за поставена електронска направа.

Пријавата е стигната на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници се на терен и вршат проверки.

– Денеска на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговскиот центар „City mall“ во Скопје се поставени експлозивни направи. Полициски службеници преземаат мерки и вршат проверки во трговските центри, информира МВР.

Текстот Дојава за бомба во „Сити мол“, трговскиот центар евакуиран е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top