Најмалку три лица загинаа во синоќешните руски напади врз украинските региони Сумски и Дњепропетровск.
При напад со беспилотно летало во градот Билопиља, во регионот Сумски што се граничи со Русија, загинаа двајца мажи. Украинската армија соопшти дека е погодена населба на пет километри од границата со Русија.
– Во регионот Дњепропетровск има една жртва и четворица повредени, објави на Телеграм началникот на регионалната воена администрација, Олександр Ганџа.
Тој додаде дека „непријателот гранатираше четири области со беспилотни летала и артилерија“.
По руските напади пожар избил и во родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Кривој Рог.
Текстот Најмалку тројца загинати во руските напади врз Украина е превземен од МАКФАКС.





