Јокиќ за инцидентот: Не жалам што го направив тоа

Јокиќ за инцидентот: Не жалам што го направив тоа

пред 4 часа

Кошаркарите на Денвер загубија од Минесота со 112:96 и дојдоа на победа, до пласман во полуфиналето на Западната конференција.

Минесота ја обезбеди победата на 90 секунди до крајот, а во последната секунда, МекДениелс реши да ги постигне поениј.

Тоа не му се допадна на Никола Јокиќ, кој истрча кон играчот на Минесота од другиот крај на теренот. Србинот предизвика инцидент, набрзо беа вклучени голем број играчи, а сè заврши со исклучување на Јокиќ и Џулиус Рендл.

„Не се каам. Затоа што реши да постигне поени кога кога сите стоеја. Не го направив тоа за да го „запалам“ мојот тим“, рече Јокиќ.

Тој исто така коментираше за неговата игра против Минесота во оваа серија.

„Просечно. Има по малку од сè овде. Не шутирам баш добро, особено за три поени. Руди Гобер добро ја врши работата, физички е силен, ги тестира судиите… тој е врвен дефанзивец. Но, не е само тој, целиот нивен тим е голем, долг, висок, постојано те држат под рака, те туркаат…“ рече Јокиќ.

Следниот натпревар од оваа серија се игра во вторник, рано наутро од 4:30 часот.

Share
Scroll to Top