Проданоски и Николоски во Прилеп: „Кеј 1-ви Мај“ доби нов лик по целосната реконструкција

Проданоски и Николоски во Прилеп: „Кеј 1-ви Мај“ доби нов лик по целосната реконструкција

пред 3 часа

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, заедно со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, извршија увид на улицата „Кеј 1-ви Мај“ во Прилеп, каде реконструкцијата е целосно завршена.

Со проектот се уредени тротоари во должина од 600 метри со бекатон плочки, поставено е ново улично осветлување со 21 канделабра, како и урбана опрема, клупи и корпи за отпадоци. „Просторот, кој претходно беше неосветлен и неуреден, сега е функционален и побезбеден за движење и рекреација“, истакна Проданоски.

Кејскиот појас добива нов изглед и значење како пешачка зона, особено за жителите од овој дел на градот. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува околу 7 милиони денари, средства обезбедени преку Министерството за транспорт во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта, со поддршка од Светска банка.

Од општината информираат дека со рационално користење на ресурсите е постигната заштеда на материјали, кои ќе бидат искористени за дополнително уредување на простор во населбата Бончејца, каде е предвидена изградба на ново детско паркче на површина од околу 300 квадратни метри.

Во наредниот период се планира реализација на нови проекти со поддршка од Министерството за транспорт, меѓу кои реконструкција на тротоарите и велосипедските патеки на улицата „11 Октомври“, како и поставување технички средства за смирување на сообраќајот на околу 20 локации низ општината.

Со овие активности, локалната и централната власт продолжуваат со инвестиции насочени кон подобрување на инфраструктурата и секојдневието на граѓаните.

Share
Scroll to Top