На 56 години во топ форма: Џенифер Лопез ги откри тајните зад совршените стомачни

На 56 години во топ форма: Џенифер Лопез ги откри тајните зад совршените стомачни

пред 3 часа

Светската ѕвезда Џенифер Лопез повторно го запали интернетот, откако објави фотографија по тренинг на која ги покажа своите извајани стомачни мускули – и тоа на 56 години.

Со едноставната порака „Стани и вежбај!“, Лопез предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, а многумина се прашуваат како успева да ја одржи оваа форма.

Според нејзините тренери, тајната е во дисциплината и секојдневниот тренинг. Џеј Ло практично не пропушта ден без физичка активност, а тренинзите ѝ се интензивни и фокусирани на целото тело, со посебен акцент на стомачните мускули.

Нејзината рутина вклучува серии од класични стомачни вежби, вежби со подигнување на нозете и работа со тегови, кои ги повторува во неколку циклуси со различен број повторувања. Дополнително, прави и кружни тренинзи за целото тело, комбинирајќи сила и издржливост.

Покрај тренингот, Лопез големо внимание посветува и на одморот. Таа истакнува дека квалитетниот сон е клучен дел од нејзината рутина и се труди да спие најмалку осум часа, а идеално и повеќе.

Во однос на исхраната, се придржува до балансиран режим, избегнува преработена храна и веќе неколку години не консумира алкохол и кофеин. Сепак, признава дека повремено си дозволува и „не толку здрави“ оброци, особено кога е со семејството.

Нејзиниот пристап покажува дека конзистентноста, дисциплината и грижата за телото се клучни фактори за долгорочна форма и здравје – без оглед на годините.

Share
Scroll to Top