Британската нафтена и гасна компанија BP објави повеќе од двојно поголем профит во првите деловни резултати по избувнувањето на војната со Иран, благодарение на растот на цените на енергенсите на светскиот пазар.
Референтните цени на нафтата нагло пораснаа од почетокот на март, откако нападите доведоа до практично затворање на Ормускиот теснец – клучна поморска рута низ која поминува околу една петтина од светската нафта и течен природен гас.
BP е меѓу најголемите добитници од ваквите движења, заедно со другите нафтени гиганти. Резултатите за првите три месеци од финансиската година покажуваат дека основната добивка достигнала 3,198 милијарди долари (2,366 милијарди фунти).
Тоа е дури и подобро од очекувањата на аналитичарите, кои предвидуваа раст на околу 2,7 милијарди долари (1,99 милијарди фунти). За споредба, во истиот период претходната година добивката изнесувала 1,381 милијарда долари (1,021 милијарда фунти).
Од компанијата јасно истакнаа дека растот на добивката е директно поврзан со повисоките цени на нафтата, наведувајќи дека резултатот „одразува исклучително успешно тргување со нафта“.
И покрај растот на заработката, производителите на фосилни горива и натаму подлежат на посебен данок на вонредна добивка, воведен по руската инвазија врз Украина, кога одредени енергетски компании остварија рекордни профити.
Текстот Нафтените гиганти профитираат од кризата е превземен од МАКФАКС.






