Општина Битола со инвестиција во Братиндол: нов асфалт за подобра инфраструктура

Општина Битола со инвестиција во Братиндол: нов асфалт за подобра инфраструктура

пред 4 часа

Откако во март годинава Општина Битола ја започна реконструкцијата на улици во селото Братиндол, денеска механизацијата ги асфалтира.

Станува збор за проект кој општината го доби од вториот повик на владата преку министерството за транспорт, во вредност од 4.227.303 денари.

Се работеше на реконструкција на коловоз, односно седум краци. Најпрво расчистување, односно ископ на земја, потоа поставување тампониран слој и денеска асфалт.

Со ова ќе се подобри комуникацијата на локалното население во ова населено место, а Општината и со ова покажа дека се грижи и за руралните средини.

Share
Scroll to Top