Марез ги честеше соиграчите – Секој доби подарок од 20.000 евра

Марез ги честеше соиграчите – Секој доби подарок од 20.000 евра

пред 2 часа

Алжирскиот фудбалер Ријад Марез ги воодушеви своите соиграчи со необичен подарок откако ја освои Азиската Лига на шампиони со Ал-Ахли.

По големиот успех, Марез одлучи да ја почасти целата соблекувална со луксузни часовници „Ролекс“. Секој играч доби персонализира подарок вреден околу 17.000 фунти (речиси 20.000 евра). На задната страна се егравирано името на секој фудбалер посебно и детали во знак на сеќавање на освојувањето на трофејот.

Ал-Ахли ја освои втората последователна континентална титула со победа од 1:0 над Мачида во финалето.

Марез е во Ал-Ахли од 2023 година, кога за сума од пколу 35 милиони евра пристигна од Манчестер Сити.

Foto/ freerangestock.com

Share
Scroll to Top