Европскиот парламент гласаше за истрага за Епстин

Европскиот парламент гласаше за истрага за Епстин

пред 3 часа

Европскиот парламент гласаше за амандман во кој се споменува мрежата на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин и неговите врски со политичките и општествените елити во Европа. Амандманот беше предложен од пратениците од The Left како дел од извештајот за состојбата со основните права во Европската Унија за 2024 и 2025 година.

Во предлогот се наведува дека „добро е документирано дека Епстин имал мрежа што длабоко навлегла во круговите на моќ низ Европа, вклучувајќи ги кралските семејства, врвните дипломати и политичари“, и предупредува дека сè уште не е јасно кој бил вклучен во кривични дела поврзани со трговија со луѓе, сексуална експлоатација на деца, измама и финансиски криминал.

Амандманот ја повикува Комисијата итно да го задолжи Европол, заедно со националните власти и Европската канцеларија за борба против измами, да ги истражи овие активности и да ги идентификува оние кои можат да бидат повикани на одговорност.

354 европратеници гласаа „за“, 188 „против“ и 99 „воздржани“.

Текстот Европскиот парламент гласаше за истрага за Епстин е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top