Во Франција се појави виолина на Антонио Страдивари вредна повеќе од 10 милиони евра, за која експертка за ограбени уметнички дела тврди дека можеби е инструментот „Лаутербах“, украден од нацистите од Националниот музеј во Варшава во 1944 година.
Виолината била свирена на концерт во Колмар кон крајот на март, а експертката Паскал Бернхајм вели дека е „цврсто убедена“ дека станува збор за исчезнатиот инструмент.
Сепак, организаторот на концертот тврди дека не се работи за украдена виолина, туку за друг Страдивариус од 1719 година.
Потеклото на инструментот сè уште не е официјално потврдено, а мистеријата останува отворена.
Текстот Во Франција се појави „Страдивариус“ вреден милиони – сомнеж дека е виолина украдена од нацистите е превземен од МАКФАКС.





