Германски градоначалник предупредува: Повлекувањето на американската војска ќе биде катастрофа

Германски градоначалник предупредува: Повлекувањето на американската војска ќе биде катастрофа

пред 4 часа

Градоначалникот на германскиот град Рамштајн-Мизенбах, Ралф Хехлер, предупреди дека најавеното повлекување на 5.000 американски војници од Германија би можело да има катастрофални последици за локалната економија, доколку мерката ја опфати и базата Рамштајн.

Тој изјави дека со војниците и нивните семејства би можеле да заминат и до 12.000 луѓе, што би претставувало сериозен економски удар за општината.

Во градот живеат околу 8.000 Американци со своите семејства, а американското воено присуство носи повеќе од две милијарди долари годишно за локалната економија.

Хехлер предупреди дека други градови од регионот од кои во минатото се повлекле американски сили никогаш целосно не се опоравиле.

Текстот Германски градоначалник предупредува: Повлекувањето на американската војска ќе биде катастрофа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top