Николоски ги демантира критиките: Автопатот Охрид–Кичево ќе биде готов на време!

Николоски ги демантира критиките: Автопатот Охрид–Кичево ќе биде готов на време!

пред 47 минути

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски порача дека изградбата на автопатот Охрид–Кичево се одвива според планот и ќе биде завршена во предвидениот рок, отфрлајќи ги, како што рече, „невистините, лагите и манипулациите“ што се шират во јавноста.

Тој реагираше на тврдењата дека проектот ќе чини милијарда евра и дека никогаш нема да биде завршен, оценувајќи ги како „небулози без ниту еден факт“. Според Николоски, ваквите изјави доаѓаат од „самопрогласени синдикални лидери“ кои, како што посочи, се обидуваат да ја доведат во заблуда јавноста.

„Нека не го замајуваат народот. За нивна жал, а за среќа на граѓаните, автопатот ќе се заврши во предвидениот рок“, изјави Николоски.

Тој додаде дека актуелната Влада, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, работи интензивно на проектот, за разлика од, како што наведе, претходната власт на СДСМ и ДУИ, за која тврди дека „седум години не ставила ниту камен“.

Како доказ за ангажманот, Николоски посочи дека и во недела навечер бил на работа во Министерството за транспорт, каде што последниот состанок бил посветен токму на автопатот Охрид–Кичево.

„Ќе го завршиме на време и сите ќе му се радуваме“, истакна министерот.

Share
Scroll to Top