Авионот со кој се наоѓаше шпанскиот премиер Педро Санчез синоќа изврши итно слетување во Турција поради технички проблеми, објави владата во Мадрид, потврдувајќи ги медиумските извештаи.
Санчез беше на пат кон Ерменија, каде што требаше да присуствува на состанок на Европската политичка заедница. „Шпанската делегација ќе преноќи во Анкара пред да го продолжи своето патување кон Ерменија наутро“, соопшти шпанската влада синоќа.
Детали за природата на техничкиот дефект не беа објавени. Европските лидери се собираат во ерменскиот главен град Ереван на состанок на Европската политичка заедница што започнува денес.
Шпанската државна новинска агенција ЕФЕ објави дека Санчез летал со официјален авион Ербас А310. Санчез претходно го пропушти состанокот за Украина во Париз на 4 септември 2025 година, поради проблеми со авионот.
Авионот „Фалкон“ потоа мораше да се врати во Мадрид поради технички проблем за време на летот, а Санчез учествуваше на состанокот виртуелно.
Текстот Авионот со шпанскиот премиер принудно слета во Турција е превземен од МАКФАКС.





